Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија од Советот на Општина Куманово, денеска ја напуштија третата седница, како знак на револт за притоврањето на членови на нивната партија.
„Народно движење за Македонија ја осудува вчерашната по кој знае кој пат потврда дека суверена Македонија де факто ја управува американскиот амбасадор Џес Бејли.
Мицковски вели дека во овој момент е фокусиран на тековните активности на партијата, но сепак додава дека постои опција да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека таква била правдата во Македонија под контрола на Заев и дека со ваквиот начин на делување се обидувале да се закопаат сите можности за нормално функционирање на Собранието и институции кои би требало да ја контролираат извршната власт.
Република Македонија повеќе не е демократска држава. Република Македонија под водство на СДС е единствената земја во Европа каде пратеници се притвораат во судски монтиран случај.
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на поранешниот министер за внатрешни работи, Томислав Чокревски.
а се стави во притвор 5 проценти од целокупниот пратенички состав, односно 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е ништо друго, туку инсталирање на диктатура.
Вечерва сме осми ден излезени низ улиците на Скопје, Велес и другите градови заедно за да споделиме и кажеме дека нема терористи кај нас и дека луѓето кои се уапсени не се терористи, ова на вечерашниот протест пред Министерството за правда го потенцира Славчо Чадиев.
Денеска на протестот организиран од страна ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда, пред граѓаните се обрати еден од основачите на партијата, Мане Јаковлевски. Тој кажа дека е истомисленик на околу 40.000 ветерани кои ја освежиле идејата за независна Македонија.
Со овластување дадено од претседателот на Собранието Талат Џафери, од денеска јас ќе претседавам со Комисијата за финансирање и буџет. Токму затоа за денеска во 13 часот закажав продолжение на оваа Комисија, на која ќе продолжи општата расправа за Предлог-Буџетот за 2018 година.