Освен значителното кратење од битни проекти за граѓаните, министрот за кратење и задолжување спроведува неконтролирано, засилено и неосновано задолжување на домашниот пазар.
Најостро да реагирам на начинот на којшто господинот Талат Џафери денеска и во последниот период ги води седниците и управува со Собранието на Република Македонија.
Со новата стратегија на владата и на министерството Република Македонија не е веќе транзитна земја туку станува земја за траен претстој на голем број на мигранти, бегалци и странци од голем број на земји.
Од ова задолжување само 11 милиони евра одат на отплата на доспеани рати, што значи речиси две третини од овие средства се нов долг на грбот на граѓаните.
Денес би сакал да ве известам за иницијатива која што ја спремавме во текот на предходниве денови, а денес ја имаме подготвено. Тоа е иницијатива за интерпелација, гласање на недоверба на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Продолжува хаосот во културата. Неспособноста на Роберт Алаѓозовски е се повидлива со секој минат ден. Вработувањето партиски војници со сомнителна репутација стана заштитен знак на Алаѓозовски.
СДС не може да го сокрие фактот дека подготвува стратегија за мигранти и бегалци со која се подготвува терен за населување на 150.000 мигранти на територија на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести за Нацрт – Стратегијата за бегалци со што предизвикува непотребна паника и вознемиреност помеѓу граѓаните.
По скандалозните одлуки за именување на директори на докажани митаџии и криминалци, Јане Нетковски, Дејан Докиќ и Иван Барбов. СДС на големо го претвора здравството во семејна фирма на неколку фамилии блиски до врвот на СДС.
Со доселувањето на мигрантите директно се атакува врз економската сигурност на граѓаните. Евтината работна сила ќе предизвика намалување на платите, и нови отпуштања, помалку пари за социјална помош и дисторзија на системот.