Тој се бара врз основа на наредба од Основно јавно обвинителство во врска со чл.396 ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор.
Поднесени се кривични пријави против двајца жители на Дебар кои опустошиле дел од боровата шума покрај брегот на Дебарско Езеро, земјиштето го узурпирале и почнале бесправно да градат.
На 1 август годинава, службени лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул.„Партизанска“, при што констатирале прекршок според „Законот за регистрирање готовински плаќања“ и согласно тоа изготвиле платен налог според „Законот за прекршоци“.
Оделението за внатрешни работи – Струга поднесе кривични пријави против фирма од струшко, тројца стружани и четворица албански државјани за кражба на дрва и пустошење на шуми.
Двајца мажи и две жени од гостиварско се соочуваат со кривични пријави, бидејќи не ги почитувале решенијата за изолација и домашно лекување. Полицијата, изминатава недела откри над двесет вакви прекршувања.
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Б.(31) од Битола, полициски службеник, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 став 1 од Кривичниот законик.
Судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар на скопјанец кој вчера беше лишен од слобода му определи мерка притвор во траење од 30 денови. Осомничениот е спроведен во КПУ Затвор “Скопје”.
Во тетовскиот регион во текот на месецот јули 2021, полицајците во педесетина редовни и акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1756 различни видови неисправности, односно сообраќајни прекршоци или 1035 повеќе во споредба со истиот период лани, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
На 18.08.2021 околу 12.50 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле 30-годишниот А.С. од тетовско Слатино, осуден на затворска казна за учество во сообраќајна несреќа со тешки последици.
К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската казна во Прилеп, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.395 ст. 3 „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“ од Кривичниот законик.