С.С. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 13.08.2021 поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во с.Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум за возење под дејство на алкохол, три за возење без возачка дозвола, 29 за непрописно паркирање.
Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и еден автобус.
На 11.08.2021 година во СВР Охрид пријавено е дека Р.Х.од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
Две србинки една русинка утрово биле задржани во полициска станица откако било утврдено дека работеле во угостителски објект, без потребните дозволи, односно го злоупотребиле туристичкиот престој
Еден малолетник е повреден во сообраќајна незгода во Тетовско во која и вториот учесник е лице со помалку од 18 години
Во угостителски објект кај Боговиње, на магистралниот пат Тетово – Гостивар, полицијата ноќеска привела седум лица поради сомневање за учество во кривично дело трговија со луѓе. Акцијата била спроведена од полноќ до еден часот