Припадници на скопската Противпожарна бригада за кусо време успеаја да го изгаснат пожарот што избувна доцна синоќа во ресторанот „Рагуза“, сместен на покривот на катната гаража на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во центарот на Скопје, спроти управната зграда на „Макпетрол“
Со телесни повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А. И.(19) од Скопје, затоа што околу 17.45 часот на улицза „1612“ со употреба на сила одзел златен накит од Т.Т.(46) од Скопје.
Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да и бидат исплатени пари.
Денеска (07.08.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот беше спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената
Денеска (07.08.2021) од страна на полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода три лица, поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05.28 часот било пријавено дека настанал над с.Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума
Македонец и Словенец се под истрага за трговија со дрога во Тетово откако тетовското Основно јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Кина ги зајакна мерките за заштита на својот главен град Пекинг поради зголемениот број случаи на коронавирус, предизвикани од позаразниот Делта сој, која се прошири во многу градови низ земјата
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383 став 2 во врска со став 1
Жена родена 1977 година е тешко повредена во сообраќајка која рано утрово околу еден часот се случила во Кавадарци