Како што информира ЈО, на 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол
На 03.08.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.Ц.(37) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот сопруг Ц.Ц.(71) од Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С.(58), вработен во Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, поради постоење основи нa сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“.
Полициски службеници од Полициското одделение Галате денеска во 15:10 часот го лишија од слобода Л.А. (32) од Република Албанија, кој илегално престојувал во државата, поради основано сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. Тој ќе биде задржан за понатамошна постапка.
Едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.
СВР Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема што наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.
Денеска (04.08.2021), полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. од с.Опае, општина Липково.
Поднесена е кривична пријава против И.П.(33), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“.
Во Косово изминатите 24 часа се извршени 3.160 тестирања со методот РТ-ПЦР, од кои како заразени резултирале 221 лице, што е највисока бројка на новозаболени од Ковид-19 уште од крајот на април годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.