На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (22.07.2021) од 07.00 до 11.00 часот спроведена е уште една од континуираните акциски контроли за брзина, во која вкупно биле откриени и санкционирани 33 прекршоци
Лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната
Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти три тешки, една кражба и еден обид за кражба, a како осомничени за нивното извршување до Основното јавно обвинителство Тетово кривично ќе пријави четворица малолетници од Тетово и тетовските села Ларце, Добарце и Горно Седларце
Утрово (22.07.) од 07 до 11 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 47 возачи
Денеска (22.07.2021) во 09.30 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Н.Д.(48) од Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“, по член 236 од Кривичниот законик
Денеска (22.07.2021), полициски службеници од ЕВР Кисела Вода, врз основа на распишана потерница, го лишиле од слобода Б.Р.(51) од Скопје, за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од селото Горно Крушје, ресенско
На територијата на Ченто изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, четири за користење мобилен телефон
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, 15 за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.С.(55) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „бесправно градење“.