Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за случајот со измамата за кој обелодени МИА. Од ОЈО за МИА денеска известија дека пристигнало известувањето од Министерството за внатрешни работи за кое покажувавме континуиран интерес изминативе две недели
Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец е донесена од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение дека тој сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик
Од 20.00 часот (12.04.2021) до 05.00 часот (13.04.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 11.04.2021 во 10.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице.
На 11.04.2021 околу 21.50 часот во Полициската станица Центар од слобода бил лишен А.Б.(28) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба".
На 11.04.2021 во с.Могила, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода С.Е.(77) од Могила, затоа што со пиштол се заканувал на неколку лица од селото.
Синоќа околу 19 часoт во Полициската станица Кавадарци, З.Н.(45) од Кавадарци пријавил дека на патот меѓу селата Ресава и Брушани, бил физички нападнат од возач на патничко возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки.
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен прилепчанец поради сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – тешка кражба што ја извршил со обивање на автомобил во близина на полициската станица Бит Пазар, при што украл предмети во вредност од 50 илјади денари.