На територијата на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 16 за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли
Вчера во СВР Скопје М.М.(89) од Скопје пријавила дека во 12:30 часот, на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзело накит.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ч.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
СВР Тетово поднесе кривична против М.М.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права“.
Четириесет и едногодишниот С.Ѓ. се здобил со телесна повреда при изведување на градежни работи на објект на фирма од Кавадарци, во атар на кавадаречкото село Крњево
Во текот на вчерашниот ден (12.07.2021) спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 77 возачи
Првообвинета во случајот „Тендери” e поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, а второобвинета е Лидија Лазарова-Цветковска
Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина
На 12.07.2021 во 14.30 часот во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода - Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од с.Љуботен, скопско, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 49-годишен гостиварец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје