На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 40 прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен гостиварец за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
На 11.07.2021 околу 04.00 часот во Полициска станица Аеродром, В.Н. пријавил дека четири лица со употреба на сила влегле во маркет на подрачјето на Аеродром и одзеле банкомат.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И. (58) од с.Шемшово,Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Имено В.П. на 26.06.2021 на ул.„Илинденска“, одзел паричник сопственост на Ќ.Г.(58) од Кавадарци, по што со кредитна картичка на име на оштетениот, извршил наплата во повеќе наврати низ повеќе продажни објекти во Кавадарци и Неготино.
На 11.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар биле лишени од слобода Н.А.(57) и З.Ј.(52), и двајцата од Скопје, непосредно по извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, на Плоштад Филип Втори во Скопје, при што од С.Б.(20) од Скопје, одзеле пари.
На 11.07.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10.07.2021 за одземен електричен тротинет.
Во својата новинарска кариера, Весели главно работеше во печатените медиуми на албански јазик. Освен темите од економија, Весели долги години известуваше и за случувањата во Собранието.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има намалување на бројот на кражби во споредба со минатата година што според него се должи и на превентивните активности на Министерството.