Од Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопштија дека во предметот како оштетена се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237,00 денари
Во текот на минатиот месец полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на подрачјето на Тетово законски санкционирале 2.057 различни видови неисправности, односно сообраќајни прекршоци. Ова се 1.281 санкции повеќе, во споредба со истиот период минатата година
Во текот на вчерашниот ден (05.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 123 возачи
На 05.07.2021 од страна на Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дроги,оружје и опасни материи во содејство со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје беа лишени од слобода А.А.(61) Б.А.(22), Л.А.(21), сите од Скопје
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции
Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар
На 04.07.2021 во 22.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош е донесен Х.С.(20) од с.Петровец, скопско, кој на местото викано „Бавчи“ бил повреден од залутан куршум.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Р.(30) од Тетово, одговорно лице во правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и С.Е.(50) од Никуштак, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(33) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.
На 05.07.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје, М.С.(56) од Скопје пријавил дека на 04.07.2021 околу 23.10 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, две лица со употреба на сила од неговиот 16-годишен син одзеле пари.