Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти, а тројца од нив се во критична состојба. Останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа што се случи во средата на автопатот Скопје – Тетово кај Ласкарци. Еден пациент вчера е пуштен на домашно лекување, соопшти Министерството за здавство.
Кај 33 од 187 возачи е утврдено присуство на алкохол во контролата што полицијата ја спровела ноќеска меѓу 22 и 4 часот на подрачјето на Скопје, а во акцијата биле откриени и 50 други прекршоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.А. (17) од село Голем Папрадник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена“.
Во канцеларија во амбасадата на САД вчера попладне избувнал пожар, соопшти МВР.
На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се сместени четворица пациенти со сериозни повреди од сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, а вчеравечер во Ургентниот центар бил префрлен уште еден пациент, кој претходно бил сместен на одделение во болницата „8 септември“.
Судија на претходна постапка им одреди притвор на 11 членови на криминална група инволвирана во криумчарење мигранти, а на останатите лица им е одредена мерка на претпазливост, соопшти МВР.
Извршени се две хируршки интервенции кај 20-годишната девојка која се здоби со тешки повреди на ногата во автобуската сообраќанка несреќа, но и покрај тоа нејзината состојба е критична, изјави вчера Илир Хасани
На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи пресече организиран канал за криумчарење мигранти во кој биле вклучени 21 лице, меѓу нив и еден полициски службеник.
Семејство од Скопје моли за помош. Исчезнатото лице Даниела Пецевска од скопско Драчево ја нема веќе 4 дена. Исчезна во понеделникот и од тогаш и` се губи секаква трага.