Околу 01 часот запленета е дрога вредна околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција, а приведено е едно лице, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М.(31) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Денеска (09.06 2021) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршија претрес во дом кај Ѓ. С. (42) од Скопје и при претресот е пронајдена кафеава прашкаста материја и дигитална вага.Лицето е приведено во ПС Центар и против него ќе се поднесе соодветна пријава
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода С.Б.(26), А.А.(29), О.Ш.(33) и Ж.Т.(28), сите од Скопје, затоа што при личен преглед и претрес во дом кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и екстази.
Полицијата приведе 42-годишен жител од село Дрслајца, струшко кај кого е пронашла пиштол и куршуми.
На 08.06.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б.(26), А.А.(29), О.Ш.(33) и Ж.Т.(28), сите од Скопје, затоа што при личен преглед и претрес во дом кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и екстази
Обвинителен предлог против српски државјанин е поднесен поради непочитување на здравствените протоколи за време на епидемија
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 32-годишен скопјанец, за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори