На 29.07.2021 во 21.55 часот на патот Куманово-Свети Николе, полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле В.Д.(50), поради тоа што не поседувал документи за идентификација и по негово кажување е државјанин на Португалија, но поради нелегален престој бил протеран од Република Србија.
Денеска (30.07.) од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
Во полициска станица Кичево вчера било пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, патничко моторно возило марка „ауди а 3“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(45) од Битола, удрило во пешакот А.Џ.(22) од село Пласница, Македонски Брод.
Кумановската полиција вчера уапсила 66 годишен жител на липковското село Брест, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, информираа денеска од СВР Куманово.
Според информациите, наведуваат од во соопштение, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви
Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „Компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за сообраќајна незгода што се случи на 28 јули 2021 година, околу 13:00 часот на булевар „Трета Македонска Бригада“ во Куманово
СВР Скопје – Полициска станица Центар ја расчисти кражбата што на 25.07.2021 била извршена над А.Г.(47) од Романија, при што била одземена поголема количина златен накит
Во текот на вчерашниот ден (29.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 83 возачи
Тој бил осуден на затворска казна од вкупно 6 години и 6 месеци за меѓународна недозволена трговија со наркотици, во врска со чл.215 ст.3 од Кривичниот законик. С.Ј. ќе биде предаден во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната