На 23.04.2021полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес - Одделение за внатрешни работи Кавадарци, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршија претрес во домот на М.Т.(50) од Кавадарци
На 23.04.2021 во 04.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик
Од 20.00 часот (23.04.2021) до 05.00 часот (24.04.2021) констатирано е дека 35 лица не ја почитувале забраната за движење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Б.(31), Н.М.(32), Н.М.(35) и Б.А.(23), сите од с.Боговиње, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.М.(37) од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Денеска (23.04.2021) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани ги лишиле од слобода М.К.(24) и Џ.К.(19). М.К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид затоа што на 20.04.2021 од жена одзел паричник, а на 22.04.2021 се обидел од оштетената да одземе мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ.К. пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка.
Од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага денеска во 14.10 часот, врз основа на издадена централна потерница од МВР и добиена судска наредба, е лишен од слобода Р.С.(63) од Скопје, за издржување казна затвор од две години во врска со чл.236 од Кривичниот законик.
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Теарце денеска околу 13:15 часот, во гаража помеѓу тетовските села Нераште и Беловиште, го лишиле од слобода Ш.Ш.(45) од Нераште, кој се сомничи дека е извршител на четири тешки кражби во трговски објекти во Тетово и во регионот на Теарце, во кои со употреба на сила влегувал и одземал пари и поголема количина разновидни производи.
Кумановската полиција приведе двајца Пакистанци кои со остар предмет повредиле други две лица, исто така од Пакистан, пред девет дена во близина на поштата во липковско Ваксинце, соопшти денеска СВР Куманово.