Основното јавно обвинителство Струмица донело наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 од Кривичниот законик.
Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека денеска во 82 година од животот, почина академик Богомил Ѓузел, редовен член на МАНУ
На 21.04.2021 околу 23.00 часот, по преземени мерки од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово, во дворот од куќа на ул.„Маршал Тито“ во Берово, сопственост на М.П., биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва
Во текот на вчерашниот ден (21.04) Секторот за внатрешни работи Штип спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 83 возачи
Од 20.00 часот (21.04.2021) до 05.00 часот (22.04.2021) констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење
Во изминатите повеќе од три и пол месеци, на поширокото тетовско подрачје, поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, согласно новите измени на Законот за возила (член 344), a кои стапија во сила кон крајот на декември лани, времено, на три месеци, биле одземени вкупно 45 патнички моторни возила и 3 мотоцикли. Едно од одземените возила е и поради бучавост
Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Велес
За двајца скопјани и еден охриѓанец Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози, бидејќи се обвинети дека извршиле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје
На 21.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Б.Т.(59) од с.Ораовица, радовишко, со престојувалиште во с.Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба
Иако со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 5 април на двајцата обвинети им била определена задолжителна изолација и лекување во домашни услови како потврдени случаи на заболени од Ковид-19, тие на 7 април со лет од Меѓународниот аеродром Скопје се обиделе да ја напуштат државата, информираат од Јвното Обвинителство