Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“,
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од село Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Од МВР денеска соопштија дека тој бил повикан во СВР Тетово и по комплетно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово вечерва му одреди мерка притвор на 31-годишниот жител на тетовски Порој кој вчера беше уапсен, а кај него беа најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана.
Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото со тешки повреди се пренесени на скопските клиники.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „Даночно затајување“ според член 279 став 1 од Кривичниот законик, по претходно спроведена постапка.
Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. По преземени мерки утврдено е дека настанот се случил на 11.04.2021 околу 20 часот во Кочани.
Денеска (13.04.2021) полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Ј.(36) од с.Табановце, затоа што при извршена контрола во патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Здружението на правници Роми од Скопје ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител заради малтретирање и претепување малолетник во инцидентот што во неделата вечерта се случи во населбата Трајаново Трло во Кочани.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО