СВР Тетово поднела кривична пријава против правно лице од Тетово и едно лице од тетовското село Мала Речица за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.
Денеска (06.04.2021) во 13.30 во с.Букојчани, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Џ.Ј.(54) од с.Букојчани зато што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „ИЗ 18“ од руско производство, која ја поседувал без дозвола.
СВР Струмица поднела кривична пријава против три лица од струмичкото село Банско за организирање на свадбена веселба во време на пандемија, соопшти денеска МВР.
Тројца мажи од Тетово и Пирок се приведени денеска откако полицајци при преглед им нашла дрога. Тие се уапсени при акцијата на полицијата на улицата „Љуботенска“ во градот.
Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 20-годишно лице од село Чегране, соопштија од гостиварското обвинителство.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против 55-годишно лице од село Долна Бањица за злоупотреба на службена положба и овластување во гостиварската поштенска служба.
Тетовската полиција открила две лица во периодот на полицискиот час кои се движат без дозвола и поради што се приведени во полициска станица. Едниот е жител на Скопје, додека другиот е од тетовско Нераште
Во СВР Велес, синоќа околу 19 часот било пријавено дека во угостителски објект во Демир Капија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.К.(57) и М.Ч.(42), двајцата од Демир Капија
Работник е тешко повреден откако паднал од скеле додека извршувал градежни активности на станбен објект, соопшти денеска СВР Куманово
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик