Педесет и седумгодишен работник од Крива Паланка се повредил додека извршувал градежни работи на зграда во изградба на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје.
При контрола на стан на 22-годишен струмичанец полицијата синоќа открила дека организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информираат од МВР.
Од 22.00 часот (02.04.2021) до 05.00 часот (03.04.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (02/03.04.2021) пак, на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 409 прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден (02.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возила. Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Денеска почина научниот советник Трајко Стаматоски на 96 годишна возраст. Стамакоски беше еминентен лингвист, почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На 02.04.2021 во 15:40 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага во атар на село Подгорци, го приведоа А. А. (32) од с.Подгорци, Струга, кој се барал по распишана потерница од КПУ-Затвор Струга во врска со извршено кривично дело силување, осуден на две години казна затвор. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.
Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила синоќа во близина на селото Зајас во месноста викана „Туфково маало“
Во изминатите 24 часа во Кичево и околината се случија два пожари, од кои едниот во градот каде беше опожарена барака и другиот во село Мидинци, каде беше опожарена поголема површина земјиште обрасната со нискостеблеста вегетација
Полицијата приведе четириесет и четири годишен жител на Тетово со цел да да биде спроведен за издржување на затворска казна