Педесетгодишна жена од Скопје пријавила дека ноќеска околу 01:30 часот, додека била во Дом за штитеници „Ранка Милановиќ“, каде е сместена со нејзините две деца, дошол нејзиниот вонбрачен партнер Е.Б.(34) и физички ја нападнал неа и нејзините деца.
Километарски колони по 16 часот има на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица.
Во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, вчера во пожар изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.
Од МВР наведоа дека лицето е спроведено во КПУ Идризово.
СВР Велес во периодот од 08.00 до 16.00 часот на автопатот Градско-Велес, вчера спровела акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителни предлози и против тројца државјани на Република Турција за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Е.И. (27) од Штип е лишен од слобода зашто со употреба на сила и ја одзел чантата на својата сограѓанка М.Џ. (70).
По целосно документирање на случајот против П.М. ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 28.02.2021 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.И.(27) од Штип затоа што претходно на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип со употреба на сила и одзел чанта на М.Џ.(70) од Штип.
Попладнево се случил вооружен инцидент во скопската населба Ѓорче Петров. Како што пенесува порталот курир, на улицата „4-ти јули“ кај слаткарницата Шехерезада, пукано е во полициски службеник.