На Граничниот премин „Табановце“, утрово во 03.45 часот полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(37) од гостиварското село Чегране, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, по чл.268 од Кривичниот законик.
До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител достави предлог за определување на мерката притвор спрема осомничениот.
Полицијата го приведе 24-годишниот скопјанец што на 2 ноември, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје кон друго лице испукал неколку куршуми, со огнено оружје автоматски пиштол „Шкорпион“.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен велешанец осомниечен дека во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, кој неовластено во својот дом на улица „Божин Стојков“ држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол „Шкорпион“ кој го набавил кон крајот на 2019 година, а на 2 ноември, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје испукал неколку куршуми кон едно лице, притоа оштетувајќи три паркирани моторни возила.
Триесет и деветгодишен битолчанец е уапсен вчера попладне поради основано сомнение дека сторил две тешки кражби на подрачјето на Кочани.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Против Т.П. ќе биде поднесена соодветна пријава
Полициски службеници од ЕВР Чаир при СВР Скопје вчера лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, осомничен за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“.
На 04.11.2020 полициски службеници од ЕВР Чаир при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“