Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со канцеларијата на ДЕА во Атина (служба за борба против дрога на САД), како и со службите за борба против дрога на Црна Гора и Косово приведе три лица поради недозволена трговија со кокаин.
Во градинка во Кавадарци синоќа експлодирал бојлер. Нема повредени, потврдија за МИА од Теритиријалната противпожарна единица од Кавадарци.
Старицата која изгоре во пожарот кој го зафти нејзиниот дом во село Црник била неподвижна. Селаните и соседите кои со жалење зборуваат за трагедијата велат дека пожарот избувнал во петокот на 30 ноември, половина час по полноќ.
Битолчанецот Пеце Ангелевски, кој боледува од церебрална парализа, во текот на вчерашниот ден бил нападнат и ограбен сред бел ден.
Во Македонска Каменица вчера пешакот А.Б. починал откако во него удрил автомобил Мерцедес со кочански регистарски ознаки.
Тешка сообраќајна несреќа пред околу еден час се случи кај Ново Село на магистралниот пат Охрид – Кичево.
Нема повредени во оружениот инцидент што синоќа нешто по 21 часот се случи на булеварот „Маршал Тито“ во центарот на Тетово, информираа од теовската полиција.
Истрелите од огнено оружје се слушале во строгиот центар, а лица од автомобили во движење пукале едни кон други. Дел од куршумите завршиле во угостителскиот објекти.
Припадник на граничната полиција бил застрелан во левата подлактица откако негов колега испукал еден куршум додека го чистел својот службен пиштол, информираа од СВР Тетово.
Во охридското село Рамне, вчера е пронајден леш во фаза на распаѓање, информираше пртпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.