На Граничниот премин Табановце, на излез од Република Македонија, Т.С. (30) од Република Косово, при вршење на пасошка контрола не приложил „изјава“ (за влез со ПЦР тест или транзит) со што постапил спротивно на член 206 од Кривичниот законик на Република Македонија
Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата.
Околу 9:10 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало целосно опожарено патничко возило, потврдуваат од МВР за МИА и додаваат дека нема повредени.
На булеварот „Ослободување“ во Кичево, синоќа околу 21:40 часот, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 36-годишниот Б.Р. врз лицето Џ.М. 49-годишен, двајцата од кичевското село Долно Строгомиште.
Полициски службеници од СВР Штип синоќа при контрола на регионалниот пат Радовиш – Штип откриле 94 мигранти кои биле превозувани во товарно моторно возило.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.
Пријавениот, искористувајќи ги податоците од платежната картичка на Е.У., извршил повеќе плаќања за спортско обложување на интернет страна, стекнувајќи се со противправна имотна корист, а на штета Е.У.
Поднесена е кривична пријава против тетовец за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, кој како вработен во тетовската подружница на Македонска пошта неовластено присвоил пари од пензионерка.
Полицијата по извршена контрола во угостителски објект во гостиварското село Добри Дол го привела сопственикот и десет женски лица.
Албанската полиција спречи обид за шверц на марихуана која требало да биде префрлена на македонска територија, преку зелениот појас на албанско – македонската граница кај Струга.