Полицијата по извршена контрола во угостителски објект во гостиварското село Добри Дол го привела сопственикот и десет женски лица.
Албанската полиција спречи обид за шверц на марихуана која требало да биде префрлена на македонска територија, преку зелениот појас на албанско – македонската граница кај Струга.
Дваесет и четири годишен велосипедист е тешко повреден од удар од автомобил, а со тешки телесни повреди се здобила и осумдесет годишна старица откако во неа удрила запрежна кола.
Во текот на изминатото деноноќие на целата територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 378 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 06.08.2020 во 19.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар во Скопје, во близина на ФФМ, било пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години.
На 06.08.2020 во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко.
На Граничниот премин Табановце било констатирано дека сообраќајната дозвола за возилото била фалсификувана, односно било извршено бришење на податоци.
Полицијата трага по исчезнатото лице, С.Н., кое вчера во велешкото село Белештевица, од надојдена вода, заедно со возило, биле однесени кон реката Вардар.
Седумдесет и седумгодишната Ѓ.Б. од Скопје вчера била измамена од две непознати лица, кои успеале да и одземат 52.000 денари.
Во пожар што избувнал вчера наутро на улица „Кленоец“ во Општина Карпош, опожарени се две возила. Првото е „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(68) од Скопје, а второто возило е „пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(48) од Скопје.