Во атарот на селото Србица, Кичевско избувна шумски пожар. Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола.
Утрово околу 01,00 часот во скопското село Долно Соње, во куќа на ул.12. сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, се случил инцидент во кој биле употребени ловечка пушка и боксирач.
Од СВР – Охрид во периодот од 19 часот на 18 април до 07 часот на 19 април едно лице во Кичево ја прекршил забраната за движење за време на полицискиот час.
Б.С (43) од село Липково е приведен откако по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С(43) од село Липково, по што Ј.С починал.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (18/19.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки
повреди починал. Во врска со случајот приведено е едно лице, соопшти СВР Куманово.
Делото е пријавено на 16 април 2020 во 12.30 часот во Одделение за внатрешни работи Делчево. По изготвената пријава, пријавениот е изведен пред судија по претходна постапка.
Полициски службеници од СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, синоќа околу 22.10 часот, го пронајдоа Б.П.(33) од охридската населба Рача.
Две лица го прекршиле полицискиот час на тетовското подрачје во текот на ограниченото движење од 7 часот вчера изутрина до истиот термин денеска, информираат од СВР Тетово. Според законските прописи по член 206 од Кривичниот законик и двајцата ќе добијат пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Полициски службеници од СВР Скопје во скопското село Побожје, за време на забраната за движење, синоќа во 22.00 часот, го лишиле од слобода З.К.(34) од село Кучевиште, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“