Јавното обвинителство побара парични казни за седум лица во Гостивар кои го нарушиле полицискиот час.
Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе обвинение против двајца битолчани кои во периодот од 13 декември до 15 декември 2019 година заедно договорени, како соизвршители, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, сториле кривично дело „изнуда“
Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 12 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик
Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе 12 предлози за издавање на казнени налози против вкупно 16 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
Гевгелиското обвинителство побара парични казни во висина од по 1 000 евра за дванаесет лица за нарушување на полицискиот час
За време на полициски час 77- годишник бил приведен, а при тоа кај него е најден пиштол со рамка, соопшти денес СВР Тетово
Кавадарчанец на возраст од 26 години бил агресивен и физички нападнал полицајци кои го запреле за време на полициски час во саботата навечер, па ќе му биде поднесена соодветна пријава
Основното јавно обвинителство Берово денеска до Основниот суд Берово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопшти денеска од Јавното обвинителство
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12/13.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки
Педесет и петгодишен маж почина синоќа откако при семејна расправија неговиот син му нанел повеќе убодни рани со нож