Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (19) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Триесет и четиригодишен жител на гостиварското село Корито вчера бил застрелан од огнено оружје во пределот на стомакот.
Тројца охриѓани во период од четири месеци ограбувале магацин со градежни материјали при што се стекнале со противправна имотна корист од над 5.000 евра.
Ревизорка од општина Радовиш заработи кривична пријава за непријавување корупција и измама во постапката за јавни набавки од 2013 година во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера околу 13:00 часот се случила на улицата „Ристо Попов“ во населбата Превалец во Велес.
Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 10:50 часот на улицата „Скупи“ во Скопје.
Патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје синоќа околу 22:00 часот излетало од патот на обиколница кај село Стајковци и удрило во метален браник и бетонска ограда.
Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред село Требеништа.
Едно лице е тешко повредено, а пет полесно во осумте сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје.
Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.