Педесет и седумгодишен скопјанец загинал вчера кога со камион излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел на автопатот Гевгелија-Скопје.
Пешак и сопатник на мопед се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 16 сообраќајки што се случија во текот на вчерашниот ден. Во осум сообраќајки биле полесно повредени 13 лица, а во шест била причинета материјална штета.
МВР поднесе кривична пријава против А.Љ. (32) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело измама на 17 лица при купопродажба на половни моторни возила. Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од вчера. Последен пат е виден синоќа околу полноќ во ресторан покрај брегот на Дебарско Езеро.
На 18.07.2018 година во 15,00 часот во Секторот за внатрешни работи Штип, 39-годишен маж пријавил дека на 16.07.2018 година неговата 14-годишна ќерка го напуштила домот и заедно со 16 -годишен малолетник заминале во напуштен објект, каде престојувале три дена и имале сексуален однос.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело обвинение за три лица за трговија со дете.
На В.Р. (86) од Скопје со измама му се одземени 18.000 денари додека бил во комплексот клиники „Мајка Тереза", соопшти МВР.
Шеесетгодишниот А.А. од тетовското село Одри починал вчера на скопските клиники каде бил донесен како тешко повреден од сообраќајна несреќа што истиот ден претходно се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце што минува низ Одри информираат од СВР Тетово.
Во акциската контрола спроведена во периодот од 23 до 5 часот утрово, во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишниот чегранец А.Ш, затекнати се вкупно девет женски лица. Од нив, седум странски и две државјанки на Република Македонија, кои како пејачки и танчерки ги забавувале присутните гости.
Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди во четири од вкупно 13 сообраќајки што се случија во Скопје во изминатото деноноќие. Во шест сообраќајки полесно се повредени 12 лица, а во три е причинета материјална штета.