Поради превртен камион сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце кај село Сиричино се пренасочува по локални патишта, соопшти АМСМ.
Г.Ѓ. (51) од Берово вчера починал од повреди во пределот на главата што ги добил додека сечел борови во местото Ормане - Царев Дол.
Пријавените ги извршиле кривичните дела во периодот од февруари до јули оваа година на подрачјето на Радовиш, во селото Тополница, на место викано „Калкан Чешма“ на планината Плачковица и на место викано „Гладно Поле“, атар на Радовиш.
Едно лице било повредено вчера при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил во неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајната незгода била на регионалниот пат Неготино - село Лакавица.
Седумнаесет лица се полесно повредени во 12 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.
Според тоа што може да се види на сликите, во сообраќајката се зафатени 6 возила а според неофицијални информации на очевидци возачот на свртениот автомобил ја предизвикал сообраќајката.
До редакцијата на Makpress.mk беа испратени слики од сообраќајка која се случила пред саат време во близина на железничката станица.
Машко лице денеска се удави во Охридското Езеро. Несреќата се случила околу 13:30 и 14 часот во близина на поранешниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан. Се уште не е утврден идентитетот на момчето.
Полицијата синоќа од два угостителски објекти во Гостиварско и Тетовско привела 17 странски државјанки и еден сопственик на локал.
Четириесет и петгодишен кумановец со иницијали Б.В починал утрово во Фабриката за заварени цевки и профили во Куманово, откако бил погоден во градите од метално парче од алат со кој работел, соопштија денеска од МВР.