Седумдесет годишен жител на село Отља, Општина Липково, починал вчера откако го затрупала земја, потврди МВР.

– А.С работел на санација на резервоар за вода која ја користел за сопствени потреби, влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од околната земја и починал на лице место. Настанот се случил вчера во 14:30 часот во атарот на село Отља на местото викано „Краиште“, посочуваат од МВР.

Од полицијата информираат дека бил звршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 14:19