Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица
Како што соопшти МВР, на 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар.
Се запали подрум од куќа попладнево на улицата „Наца Пинџурова” во Кавадарци. Според очевидци, пожарникарите спречиле да изгори куќата.
Пожар зафати објект во росоманското село Паликура во кој повремено престојувало лице кое немало сопствен дом.
Полициите на Македонија и на Србија во заедничка акција спречија меѓународен канал за транспорт на дрога од земјите на Западна Европа во Македонија во која се запленети еден килограм и 58 грама кокаин, соопшти МВР.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторени четири дела – тешки кражби од Кривичниот законик.
Mоторно возило е опожарено рано изутринава во Кавадарци, а очевидци во изјава за МИА велат дека кавадаречките пожарникари спречиле огнот да се прошири и на куќата која била во близина.
Тепачка се случила доцна синоќа во Неготино, а физички напад рано изутринава во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.