Вчера околу 13.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека Н.С. (49) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фабрика во Гостивар.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – фалсификување исправа
За кражбата на речиси 85 илјади евра која пред два дена ја пријавил жител на тетовско Јанчиште тетовската полиција изготви поднесок против неговиот 25-годишен син. Според СВР Тетово 25-годишникот од метална каса во домот во изминати три недели одзел вкупно 5.199.000 денари
Мерка притвор во траење од 30 дена им е одредена на двајцата албански државјани, кои беа уапсени во неделата на граничниот премин „Богородица„ на излез кон Грција со марихуана во вредност од околу 200 илјади евра наменета за турскиот пазар
Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на изминатиот ден. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета
На 07.10.2019 пријавиле дека на 05.10.2019 во 23.55 часот на булевар ,,Илинден’’, по претходна расправија, физички биле нападнати нивните малолетни деца на возраст од 14 и 16 години од неколку лица.
Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за гранични работи – Регионалните центри за гранични работи Исток и Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М.(22) од Богданци и И.С.(39) од сeло Селемли, општина Богданци, осомничени дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“
Полицијата ја расветли кражбата на пари за исплата на пензиите на пробиштипските пензионери, што се случи на 1 октомври. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од слобода се лишени 19-годишниот А.Д. и 22-годишниот Д.А. А.Д е поштарот кој што тој ден имал задача да ги достави пензиите на пензионерите, а во неговата торба носел 360.821 денари
Марихуана во вредност од околу 200 илјади евра наменета за турскиот пазар, вчера беше запленета на граничниот премин „Богородица„ на излез кон Грција. Дрогата била пронајдена во возило кое го управувал албански државјанин, а со него бил и неговиот син
Против 25-годишен скопјанец е отворена истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори