ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 337 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје
Во село Дражево во општина Ново Село синоќа целосно изгоре стара куќа, а пожарникарите не дозволиле пожарот да се прошири во околната шума
Во периодот од 11 август до 9 септември 2019, пријавениот одземал пари ,мобилни телефони и други вредни предмети од куќи и апартмани во Охрид.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против десет правни и физички лица за „злосторничко здружување“ бидејќи во текот на 2016 година спротивно на Законот за извршување, овозможиле продажба на веќе изнајмено земјиште од едно на друго правно лице, со што сопственикот го изгубил имотот и му била нанесена штета од 37.166.171 денари, информира денеска МВР
Во полициската акција спроведена во Скопје ноќеска од 23:00 часот до 05:00 утрово санкционирани се 33 возачи кои возеле под дејство на алкохол, а 28 за возење побрзо од дозволеното. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи
Албанската полиција, спречи шверц на 55 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на македонска територија
Недозволената трговија со дрога во сите нејзини појавни облици и последици кои произлегуваат од неа, има влијание на зголемување на бројот на други кривични дела (кражби, разбојништва, насилство, проституција и сл.) и негативно влијае во сферата на социјалното живеење, оттуѓување од семејството, училиштето и заедницата во целост
Во полициската станица во Карпош во период од 1 час двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од куче скитник во близина на Драмскиот театар во Скопје.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.