СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(34) и А.В.(39), двајцата од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“
Полицијата синоќа во 20.30 часот, врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на А.Џ. во Тетово, при што биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 милиметри
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од ресенското село Асамати, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 24.08.2019 година во рамки на акциската контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, регистрира вкупно 35 прекршоци, за што се издадени соодветни казни
Откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози, информираат денеска од СВР Скопје
Во првите шест месеци од 2019 година во сообраќајни незгоди на патиштата во државата загинале 70 лица
Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на автопатот Демир Капија – Неготино, на местото на сообраќајната несреќа во која еден мигрант загина, а 12 беа повредени
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.В.(46) од Штип осомничена дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
МВР денеска соопшти дека по незгодата возачот на „фолксваген фејтон “, во кое се превезувале 13 лица-мигранти, 10 од Пакистан и три од Бангладеш, го напуштил местото на настанот
Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти, удрило во товарно моторно возило ,,сканија”, управувано од 58 годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш