Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.
Како што соопшти МВР, при претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, 72 парчиња ловна муниција, еден куршум калибар 7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.
На автопатот Скопје – Велес, кај наплатна станица „Сопот“, синоќа околу 19.00 часот при контрола на возилото „Фиат-Пунто“ со велешки регистарски броеви управувано од 33-годишниот С.Б. од Велес полицијата пронајде кесе со околу 1,1 кг. марихуана.
Имено во текот на 2018 и 2019 година, Ј.С. се нудел на граѓаните да им изврши услуга за плаќање на износот на данокот во нивно име, доведувајќи ги во заблуда дека им прави само услуга за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата.
Шест лица се загинати во две сообраќајки во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, каде се регистрирани вкупно шест незгоди од кои четири со материјална штета.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.
Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.
Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Во отсуство на официјални информации од институциите, медиумите пренесоа дека во сообраќајната несреќа која се случила нешто после полноќ на влезот во Драчево пет лица го загубиле животот од ударот на возилото во камион за собирање на смет.
Нешто после полноќ се случила тешка сообраќајна несреќа на влезот кај Драчево помеѓу возило и камион.