Жител на Струшкото село Октиси во дворот одгледувал стебла од канабис, а при претрес на неговиот дом пронајдена била и марихуана, соопшти СВР Охрид.
Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови, и било невакцинирано.
Се запали автомобил „ауди“ во движење утрово околу осум часот на улица „Ленинова“ во Струмица. Нема повредени и загинати, а причинета е поголема материјална штета.
На 07.02.2019 година околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар - Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново.
Три лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје ноќеска интервенирала на пожар кој избувнал во куќа лепенка на улицата „Стари Новаќиња“ во населбата Драчево.
Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Тој, со лажна емаил адреса, во име на директорот на фирмата од Македонија стапил во контакт со италијанската компанија и ја сменил фактурата за наплата, по што испратил и своја банкарска сметка во Шпанија.
Петгодишно девојче починало синоќа на Универзитетската Клиника за детски болести каде било донесено по тридневно лекување на Институтот за белодробни заболувања во Козле, како последица на влошување на состојбата при инфицираност од пандемски грип Х3Н1, соопштија денеска од Клиниката.
Срцев удар е причината за смртта на Љупчо Наков, вработен во рудникот „Бучим“ во Радовиш, вели за МИА, заменик менаџерот, Николајчо Николов.