На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга вчера имало тепачка меѓу малолетници, со што бил нарушен јавниот ред и мир.
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско, и против уште еден 16-годишен малолетник од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, во врска со кривично дело „соучесништво“.
Околу два килограма кокаин се откриени и запленити на Аеродромот во Скопје од страна на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи. Со тоа, пред два дена, е спречен уште еден обид на криумчарење со наркотични дроги, известуваат од Царинската управа.
Марихуана била пронајдена вчера кај 22 годишен кавадарчанец, по претресот нареден од Основен суд – Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Според првичните информации , телото на жената било извлечено од речното корито во близина на мост до кланицата. Жената била пренесена во гостиварската болница каде извршена реанимација, но обидите на лекарите биле без успех.
Претреси биле извршени кај неколку лица од Кавадарци и Возарци, фатени се лицата кои краделе нафта од товарни возила во Тиквешко. Оваа информација денеска за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
Триесет и девет возачи изминатото деноноќие возеле побрзо од дозволеното, а тројца во алкохолизирана состојба. Од сообраќај, покрај алкохолизираните возачи, исклучени се и седум возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и еден возач почетник.
Во текот на 2017 година во Куманово 267 малолетници биле упатени во Центарот за социјални работи поради престапништво. Високата бројка ги загрижува надлежните од повеќето институции, кои денеска одржаа прва работна средба и имплементација на програмата „Вештини за адолесценција“, организирана од Министерството за образование и наука, Канцеларијата на ОН за борба против криминал и дрога во соработка со општина Куманово.
Триесет и седумгодишен жител од струмичкото село Еднокуќево синоќа починал во сообраќајка на влезот во село Босилово.
Во полициска акција спроведена ноќеска во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското приведени се 11 девојки.