Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило.
Деветнаесет годишен жител на селото Леуново заработи кривична пријава и притвор поради сомнеж дека е сторител на повеќе тешки кражби во викендички околу Мавровското Езеро.
Двајца кичевци физички се пресметале при што се здобиле со телесни повреди.
Тринаесет лица се осомничени за вклученост во престрелката пред казино во Тетово во петокот вечерта. За двајца осомничени, кои при инцидентот користеле автоматско оружје, поведена е истражна постапка за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност, како и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Едниот од овие двајца осомничени е во бегство и не е достапен на органите на прогонот.
Продолжува практиката на криволов на риба од Охридското Езеро, што значително го загрозува рибниот фонд.
Двајца возачи и сопатник се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 27 сообраќајки во текот на викендот во Скопје. Во 13 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 13 лица, а во 12 била причинета материјална штета.
На 02.12.2018 година во периодот од 00.40 до 02.30 часот полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во село Боговиње, сопственост на Н.С.(34) од село Боговиње.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека во спортската сала во основното училиште „Блаже Конески“, по завршување на ракометен натпревар помеѓу РК „Бисинов Вардар“ – Велес и РК „Велес 2009“ – Велес, тренерот на РК „Велес 2009“, В.Г. физички го нападнал главниот судија Ж.М.(20) од Велес.
Четири лица добиле 30 денови притвор како осомничени за нивна вклученот во вооружената престрелка од петокот на булеварот Маршал Тито во Тетово информираа од СВР Тетово.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со канцеларијата на ДЕА во Атина (служба за борба против дрога на САД), како и со службите за борба против дрога на Црна Гора и Косово приведе три лица поради недозволена трговија со кокаин.