С.А.(35) од Скопје, вработен како обезбедување во дискотека на булевар „8-ми Септември“, синоќа пријавил дека неколку минути претходно, пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.
Осомничената се товари дека во текот на 2017 и 2018 година, со умисла извршила временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
На социјалната мрежа Твитер на 19. минатиот месец, споделил расистичка и ксeнoфобична содржина наменета за лицето С.А.
Во водите на реката Црн Дрим доцна попладнево пронајдено е телото на исчезнатиот маж од Дебар, кој на 30 октомври беше пријавен за исчезнат.
Од Детската болница во Козле попладнево преку соопштение ги демантираа информациите дека имало пожар во објектот.
Во Полициската станица од општа надлежност во Дебар вчера е пријавен за исчезнат жител на градот.
Запален аспиратор е причина за пожарот во Болницата за детски болести во Козле од кој беше зафатен дел од кровната конструкција. Пожарот е изгаснат и причинета е материјална штета. Нема повредени лица бидејќи пациентите навреме биле евакуирани.
Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Заедно со обвинителниот акт, ценејќи дека се уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за осомничената, соопшти Јавното обвинителство.
Судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово му определи 30-дневен притвор за тетовецот Н.И.(54) осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 21 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 18 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 14 без стекнато право на управување со моторно возило и четворица почетници.