Седум лица се здобиле со полесни повреди во вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.
Вчера во 17,10 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата од улицата „Гоце Делчев“ и улицата „Вељко Влаховиќ“ патничко моторно возило “Ауди А4“ со штипски регистерски таблици управувано од Т.Н. (51) од Штип удрило во пешакот А.Ј.(18) од с.Соколарци.
Основниот суд Гостивар на три лица осомничени за полов напад врз дете помало од 14 години им определи мерка притвор од 30 денови.
Гевгеличанецот Н.В.(72) вчера во 13.25 часот во Полициската станица Гевгелија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати лица го измамиле и му одзеле 8.000 евра.
Разбојници одзеле 680.000 денари од просториите на фирмата „Брза пратка“ во населба Аеродром.
Судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на три лица осомничени за полов напад врз дете им определи мерка притвор од 30 денови.
Еден сопатник и еден возач се потешко повредени, а шестмина се здобиле со полесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Вчера во 14:25 часот било пријавено дека на фудбалското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид и против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи во болницата, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.
Четирите лица од КПД „Шутка“, кои по пожарот во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се хоспитализирани на Универзитетската клиника за токсикологија, се во добра здравствена состојба и вон животна опасност