Возач на мотоцикл, сопатник и тројца патници во автобус се здобиле со тешки, а седум со телесни повреди во три од вкупно 26 сообраќајки случени во текот на викендот.
Триесет и едногодишната М.П. е тешко повредена два часа по полноќ откако скопјанецот Љ.К.(34) кој го управувал возилото „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки во кое се наоѓала, изгубил контрола и удрил во ограда на улица „Даме Груев“ во Скопје.
Дваесет и едногодишниот Б.И. е повреден еден час по полноќ откако количката со која влегол во лифт во пекарата на „Груица Војвода“ во Скопје, а во која имало леб, од непознати причини се превртела и го потиснала.
Тешки кражби во две џамии во Тетово биле извршени од засега непознати сторители ноќта меѓу петок и сабота, информираше портпаролот на СВР тетово Марјан Јосифовски.
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Радовиш во близина на клучката кај село Љуботен, во која 51-годишна виничанка им подлегнала на повредите, а четири лица се повредени.
Едно лице е потешко, а четворица се полесно повредени во сообраќајната незгода што се случи на локалниот пат Прилеп-село Прилепец кога возило „опел фронтера“ излетало од патот.
Пожар зафати делчевско возило вечерва на улицата „Шишка“, во близина на болницата во Кавадарци. Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци информираат дека се работи за возило „форд ескорт“.
Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска на автопатот Велес-Скопје, пред тунелот кај Катланово.
Камион кој превезувал 265 празни единици под притисок и со носивост од 90 литри метан, денеска попладне се запали на влезот во Македонска Каменица.
Бесправната сеча, се посочува, била откриена по вонредната ревизија во оддел 18а во Шумско Стопанска Единица „Бирино Селце“, која била извршена по овластување од директорот на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ во подружницата „Липа“ Крушево од 02.07.2018 година.