Шумскиот пожар што синоќа избувна над Ново Село на местото викано „Рамна ритка“ е ставен под контрола и е локализиран, изјави Александар Гудев, командир на Територијалната противпожарна единица во Струмица.
На подрачјето на Град Скопје вчера се случиле девет сообраќајни незгоди, во кои едно лице е тешко повредено, а петмина полесно. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Кривична пријава заработи 67- годишниот Т.К. од село Крајници, Општина Чашка кај кого на 29 август полицијата пронајде и одзема 130 садници од канабис сатива и 11,7 кг маихуана.
Околу 1400 денари биле одземени, а била нанесена и материјална штета по тешката кражба што засега непознати сторители ја извршиле во црквата „Свети Димитрија“ на улица „Прохор Пчински“ во православните гробишта во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Масрјан Јосифовски. Според неговите податоци, кражбата била извршена ноќта помеѓу сабота и недела изминатиот викенд.
Кривична пријава за убиство против 28-годишната Б.П. денеска до Основното јавно обвинителство поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар.
На 68-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина режисерот Тихомир Башовски.
Полицијата вчера од 14 часот до полноќ спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.
На подрачјето на Град Скопје изминиатиот викенд се случиле 31 сообраќајна незгода од кои 13 се со материјална штета, а еден пешак се здобил со тешка телесна повреда.
Извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка, која исто така со нив живеела во Италија, пренесува порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на полицијата..
Локализиран е пожарот што настана по експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.