Починато лице во возачка позиција било пронајдено синоќа во товарно возило во кругот на кавадаречка фабрика.
Непочитувањето на брзината кон состојбата и условите на патот и сообраќајната сигнализација од возачите е најчестата причина за сообраќајни незгоди на територијата на општина Струга.
Непознат маскиран сторител рано изутрината извршил разбојништво во бензинска пумпа на ул.„Радишанска“ во Скопје. МВР информира дека сторителот со закана со пиштол од вработениот одзел засега неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец.
Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје. МВР информира дека кражбата во Полициската станица Карпош ја пријавила сопственичката на куќата Л.З. (53).
Триесет и седумгодишниот скопјанец С.Ј. синоќа во Полициската станица Струга пријавил дека истиот ден околу 15 часот во куќата на Ф.Н. во тој град каде престојува заедно со неговото семејството, 39-годишниот скопјанец С.Џ. извршил полови дејствија врз неговата 15-годишна ќерка.
Градежен работник вчера при изведување активности на станбен објект во Штип паднал од висина од 3,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Шестнаесетгодишник од гостиварското село Сенокос вчера се здобило со тешки телесни повреди по пад од трактор со приколка во селото Добри Дол, што ја управувал А.Ч. (25) од село Топлица.
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „телесни повреди во вршење семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Тринаесет тешки кражби, од кои пет биле во обид се регистрирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово од почетокот на годинава до 1 август, информира МВР.
На територија на градот Скопје во последните 24 часа се случиле четири сообраќајни несреќи во кои три лица се здобиле со лесни телесни повреди и едно лице со тешки телесни повреди.