Маж бил ограбен синоќа од две непознати лица на булеварот „Партизански одреди“.
Нема повредени лица, но е причинета материјална штета синоќа при удар на товарен воз во патничко возило оставено на пругата меѓу железничките станици Миладиновци и Илинден.
Во касарната „Илинден“, во еден од хангарите заталкан куршум непознат калибар испукан од непознато оружје, паднал на прозорското стакло од куќарката пред хангарот и го скршил по што проектилот се заглавил во другото прозорско стакло.
МВР соопшти дека синоќа околу 21:45 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземени мерки за приведување на лицето Г.Е. (41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело „убиство".
Дваесетиедногодишно момче од Скопје се бори за живот откако вчера било физички нападнато од три непознати машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“.
Шест повредени лица и материјална штета од околу 200 илјади денари се последиците од сообраќајната несреќа во која учествувале четири возила што се случила синоќа околу 23 часот и 20 минути на улицата „Илинденска“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против В.М. (33) од Волково, скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил осум кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 943.000 денари.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Д.(26) од Охрид.
Еден пешак е тешко повреден во една сообраќајна несреќа, а 10 се полесно повредени во пет сообраќајки што се случиле на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.
Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ф.К.(26) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“.