Седумнаесетгодишен кавадарчанец бил тешко повреден при сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 22:30 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци.
На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа се случиле 13 сообраќајни незгоди. Во шест сообраќајки биле повредени шест лица, од кои едно потешко.
Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „Голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник.
Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш - Штип во близина на рудникот Бучим.
Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка.
Гостиварец со закани и навреди и обид за физички напад спречил извршителка од Скопје да постапи по девет предмети за извршување против неговиот син.
Автоматска пушка и рамка со куршуми се пронајдени во домот на Б.И., 38-годишен жител на село Черкези, Кумановско, по извршен претрес со судски налог од страна на полицијата.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.М. (32) од струшкото село Радолишта.
Против 39-годишниот кумановец А.С. Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „кражба во обид“ и „разбоjничка кражба“.
Триесет и шестгодишен скопјанец, кој се бара за издржување затворска казна, синоќа е приведен од полицијата на автопатот кај Смоквица при обид да превезе со своето возило 13 Пакистанци.