Маж на 45-годишна возраст од Скопје повеќе од 24 часа бил киднапиран од непознати лица во стан во општина „Ѓорче Петров“, за наводен долг на пари. Киднапираниот искористил момент на невнимание на грабнувачите и побегнал.
Такси возач од Скопје вчера на „Партизанска“ бил нападнат со боксови по глава, а добил и удар со шише од двајца патници откако не им дозволил да запалат цигара во автомобилот. Напаѓачите побегнале, а на таксистот му била укажана лекарска помош.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(48) од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.
Според раководителот на археолошките истражувања, Душко Темелкоски, крадците украле алат за работа: лопати, дурии, казми, мотики, ситен алат, пластични столчиња и маси. Според првичните проценки штетата била околу 500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против Т. Д (46) од охридското село Велгошти, вработен во КОМПОЗИТНА ОПРЕМА ДООЕЛ Прилеп, заради постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела.
Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против И.С.(53) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлатација на минерални суровини“.
Експлозивна направа експлодирала 25 минути по полноќ во автомобил на кумановецот Р.Д.
По неколкуте видеа споделени на социјалните мрежи на кои се гледа крадење на точак на јавни места, денеска повторно се појави ново видео.
З.С. вчера во 13:15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, пријавил дека бил погоден со една дијабола во пределот на раката додека се движел по улицата „Борка Талевски“.
Родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која денеска животот го загубија три малолетни деца, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија.