Крадецот во црквата во кавадаречкото Горна Бошава украл околу илјада и петстотини евра во денарска противвредност, книжни и железни, ги оставил само петденарките.
Патник во автобус бил потешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во седум била причинета материјална штета.
На 21 мај 2018 А.Ч. (54) од село Стајковци, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во автобус број 65В на Јавното сообраќајно претпријатие три непознати лица кои биле во автобусот физички го нападнале неговиот 16-годишен син.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Л. (27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Пред влезот на гимназијата „Преродба“ во с.Житоше, прилепско, вчера во 17:50 часот во меѓусебна тепачка, Д.И. (19) од с.Сазждево со нож го прободел Д.П. (18) од с.Житоше.
Четиригодишно дете е тешко повредено синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје откако во него удрило патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (59) од Скопје.
Маж и жена загинаа во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Миладиновци - Кадино, откако возилото со кое се превезувале излегло надвор од коловозот и паднало на покривот во одводен канал.
Возач на патничко моторно возило и сопатник загинале во една од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Дваесет годишна девојка од Гостивар која претходно испила извесна количина токсично средство за хигиена вчера била донесена во гостиварската општа болница.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево.