Јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за 67-годишник, кој е осомничен дека вчера во Гостивар извршил полов напад врз дете на возраст под 14 години.
Во СВР Битола, синоќа во 21 часот, 15-годишно девојче од Битола во присуство на нејзината мајка пријавила дека Ѓ.Б. (46) од Битола (нивен подалечен роднина) се обидел да изврши други полови дејствија врз неа.
Четиринаесетгодишно дете вечера на ул.„Џон Кенеди" во Скопје било повредено при удар од патничко моторно возило „Сеат Ибица" со скопски регистарски ознаки кое го управувал А.Ѓ.(48).
Полициската станица Берово поднесе кривична пријава против О.К. (27) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На ул.„Џон Кенеди" во Скопје, вчера во 15:30 часот А.Ѓ.(48) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица" со скопски регистарски ознаки удрил во 14 -годишно дете од Скопје.
Жител на Кичево вчера во 14:25 часот пријавил дека на ул.„Јанко Михајлоски“, во близина на Правниот факултет во Кичево, забележал како непознато машко лице допирал малолетно женско дете по делови од телото.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Т.Д. (60), поранешен градоначалник на Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството во редовниот деневен Билтен.
Вчера во 01.30 часот во Полициската станица Охрид, лицето С.Д. од Охрид пријавил кривично дело ,,уцена“ по член 259 став1 од Кривичниот законик.
Триесет и еден албански државјанин, кои непријавено престојувале и работеле во тетовско биле откриени и приведени по полициската акциска контрола спроведена денеска наутро информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Повредени се тројца работници кои работеле на покрив од објект во изградба при допир на табла од пластифициран лим со 10 киловолтен воздушен далековод на ул. „8-ми Септември“ во Битола.