Возач на цистерна полна со гас починал од срцев удар додека возел по што цистерната удрила во рид и се преполовила. Несреќата се случила на меѓународниот пат за Бугарија во близина на месноста викана Илиева чешма.
Кумановецот, чија 19 годишна ќерка пред извесно време побегнала за скопјанецот, дошол во населбата со намера да ги средат односите со зетот. Но, наместо да го решат проблемот, тие се степале.
За две лица од скопско поднесена е кривична пријава бидејќи поседувале кесичка со кокаин.
Четири лица се тешко повредени, а 20 се здобиле со полесни повреди во 19 од евидентирани 30 сообраќајки изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки е причинета материјална штета.
11-годишна ученичка здобила скршеница на коска во левото рамо откако врз неа паднал прозорец од училницата кој учителката се обидела да го отвори, соопшти МВР.
Дваесет и едногодишниот Ф.Н. ноќеска на паркингот пред ТЦ „Беверли Хилс“ бил нападнат од повеќе лица при што бил удиран со клоци и тупаници во пределот на целото тело. По нападот нему му била укажана помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза.
Скопјанец бил пронајден мртов, вчера во стан во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР. Причините за смртта не се познати.
Како што соопшти МВР, едниот инцидент се случил вчера утро околу 7.15 минути на улица „Лазар Личеновски“ кога 59-годишен маж (М.С.) бил нападнат од четири кучиња и бил каснат кај левата потколеница. Нему му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести.
Како што соопшти МВР, пријавата во Полициската станица Ѓорче Петров, ја поднела нејзината мајка С.А. (37) од Скопје, која изјавила дека нејзината ќерка на 10 март се одалечила од домот во непознат правец.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовецот Н.С. (44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.