Полицијата ноќеска приведе 10 странски државјанки во угостителски објект во тетовско Жеровјане во акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово во однос на злоупотреба на туристички престој.
По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничените лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Сообраќајната несреќа се случила во 11.40 часот на улицата Босна и Херцеговина. Тогаш мотоцикл „Хонда ЦРВ 600“, управуван од А.М.(39) од Скопје се судрил со комби „пежо боксер“ што го управувал С.Р.(36) од Скопје.
Материјална штета од околу 180 илјади денари претрпел М.К.(71) од тетовското село Лешок по големиот пожар што вчера околу 18 часот од засега неутврдени причини избувнал во неговата плевна.
Жител од село Батинци бил физички претепан од три лица, по што е хоспитализиран, соопшти МВР.
Двајца скопјани вчера попладне физички нападнале вработен во Агенција за обезбедување на влезот во спортскиот центар „Јане Сандански“, а при интервенција биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица.
Четири лица се полесно повредени во директен судар меѓу две патнички возила со скопски регистерски таблички што се случи изутрината во седум часот кај месноста викана Ѓубриште на Штипска клучка во близина на Велес.
Неексплодирано убојно средство пронашол жител во кумановската населба „Карпош“ вчера и случајот го пријавил во Регионалниот центар за управување со кризи, информираа денеска оттаму.
Шеесет и шестгодишен неготинец бил каснат од змија утрово додека работел во лозјето. Од Здравствен дом Неготино потврдија за МИА дека во установата бил донесен пациент роден 1952 година, кој имал змиско каснување.
Со тешки телесни повреди се здобиле еден мотоциклист, еден сопатник на мопед и еден патник во автобус во три од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.